„Пандевци“ парираа 40 минута, па примија „петарда“ од Црвена Звезда

Фудбалерите на Академија Пандев очекувано претрпеа убедлив пораз (5-0) на дуелот со Црвена Звезда, како дел од подготовките на струмичкиот прволигаш во Анталија. „Пандевци“ се обидоа да парираат, но беа немоќни бидејќи квалитетот и искуството на „црвено-белите“ беа целосно на страната на противникот, кој не само што доминира на српската фудбалска сцена, туку и обезбеди влез во нокаут фазата од Лигата на Европа.

Мечот беше израмнет се до 40. минута, кога Павков најдобро се снајде во шеснаесетникот и донесе предност на белградските „црвено-бели“. На 2-0 на почетокот од второто полувреме зголеми Вељко Николиќ, а до крајот на натпреварот меѓу стрелците се запишаа и Иваниќ и Фалчинели (два гола).

Ова беше втор контролен меч за избраниците на Александар Васоски на подготовките во Анталија, откако на премиерниот дуел „пандевци“ ремизираа со Арберија од Косово (1-1).

Се вчитува...