„Пандевци“ под силен дожд на тренингот во Скопје: За европски бериќет (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерите на Академија Пандев утре против Зрињски од БиХ на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје ги очекува својот прв натпревар на европската сцена во историјата.

По подготовките во Струмица изминатиов период, „пандевци“ официјалниот тренинг во Скопје го одработија под силен дожд. Но, сето тоа за избраниците на Југослав Тренчовски само како добро освежување пред, во секој случај, повеќе од сериозниот предизвик да се елиминира прволигашот на БиХ. Струмичани, без сомнение, како што и самите нагласуваат се подготвени за дуелите со Зрињски во обидот да се стигне до следната рунда натпревари од квалификациите за Лигата на Европа.

Официјалната прес-конференција на Академија Пандев ќе биде од 19:30 часот на националната арена, во терминот кога Зрињски ќе го има официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар.

 

Се вчитува...