Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев го забележа третиот пораз на подготовките во Анталија. „Пандевци“ загубија од Младост Лучани со 0-1. Натпреварот беше рамноправен, но во 80. минута Киковиќ постигна гол за победа на српскиот тим.
Академија Пандев настапи во следниот состав: Вујанац, Марков, Вареловски, Димов, Чешмеџиев, Ганчев, Стоилов, Михаилов, Скендери, Грифони, Крстовски. Во второто полувреме влегоа уште: Делевски, Николов и Денковски.
Следен противник на подготовките за Академија Пандев е Сумгајт од Азербејџан, а натпреварот се игра на 28 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА