По ждрепката во Нион познати се противниците за македонските претставници ова лето во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Академија Пандев за противник во својата деби сезона на европската сцена го доби Зрињски од БиХ. Првиот натпревар „пандевци“ треба да го играат во Скопје на 11. јули, а реваншот е на гостински терен на 18. јули.
Македонија ЃП, пак, за противник го доби ерменскиот прволигаш Алашкерт. „Лавовите“ првиот натпревар ќе го играат на гостински терен, а реваншот ќе биде на 18. јули на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Шкупи на мегдан ќе биде против уште еден ерменски претставник, Пјуник. Чаирчани исто така, согласно ждрепката, треба да гостуваат на првиот меч, но сигурно ќе има измени во распоредот меѓу двете македонско-ерменски двојки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА