„Пандевци“ ремизираа со Кожуф, Охрид со Велешта

Прволигашот Академија Пандев одигра нерешено против Кожув Гевгелија 1-1 во пријателски натпревар. Откако „пандевци“ минатото коло го одиграа својот меч со Работнички кој го загубија со 0-1, викендов се слободни.

Без победник 1-1 (1-1) заврши контролната пресметка помеѓу Охрид и Велешта, кој двете екипи ја одиграа на СРЦ „Билјанини Извори“.За двата второлигашки состави ова беше последна тест средба, пред почетокот на пролетната полусезона во Втората лига, кој е закажан за следната недела. Охрид втората етепа во Втората лига ќе ја започне на домашен терен против Кораб, а Велешта гостува во Кичево кај Велазерими.

Се вчитува...