„Пандевци“ ремизираа со руската Балтика во првиот меч во Анталија

Академија Пандев со реми без голови ја почна серијата контролни натпревари за време на подготовките во Анталија.

Во првиот пријателски натпревар по пристигнувањето во Турција, „пандевци“ одиграа без победник со рускиот второлигаш Балтика од Калининград. Во максимално рамноправен натпревар двата тим имаа свои шанси низ текот на 90 минути, но мрежите мируваа за на крајот објективно реми.

Стартниот состав за Академија Пандев беше: Чубраковиќ, Јованов, Гранчов, Костов, Цикарски, Томовски, Стојкоски, Мујеци, Пандев, Миловановиќ, Танушев. Во вториот дел играа и: Муканов, Илиев, Дориев, Димов, Глигоров, Парталко, Крстовски, Велиновски, Талаков, Крстевски, Донов.

Следниот натпревар на „пандевци“ во Анталија е против српскиот суперлигаш Спартак Суботица на 29. јануари.

Се вчитува...