Лидерот на табелата, Академија Пандев, продолжува со победнички изданија во Втората лига. На домашен терен „Пандевци“ беа подобри од Металург, совладувајќи го со 2-0. Сашко Пандев го отвори резултатот уште во третата минута, а Љупчо Дориев во 54.минута зголеми на 2-0, што беше и конечен епилог на оваа средба.
Второпласираниот Скопје исто така освои три бода. „Пиратите“ со 2-1 го победија Новаци. Дарио Десниќ во 30.минута го доведе во водство домашниот тим, Христијан Грозданоски израмни во 66.минута, но шест минути подоцна Филип Колеќески го постигна победничкиот погодок за ФК Скопје.
Вардар Неготино и Тетекс ремизираа без голови, а за комплетирање на колото треба да се одиграат и дуелите Еуромилк ГЛ – Х. Турново и Тиквеш – Велазерими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА