„Пандевци“ со уште три тест дуели во Банско: Против Славија Софија, Клинчени и Витоша

По одличните две победи на стартот од летните подготовки, фудбалерите на Академија Пандев следната недела ги очекуваат уште три пријателски натпревари во Банско.

Во понеделник, 24. јуни, Академија Пандев ја очекува тест дуелот со Славија Софија, веќе следниот ден против романскиот второлигаш Клинчени, а на 29. јуни и против новиот бугарски прволигаш Витоша од Бистрица.

„Позитивно течат подготовките во Банско за настапите во Лигата на Европа. Задоволни сме од претходните два тест дуели, а верувам дека во ист стил ќе продолжиме и низ следните неколку пријателски натпревари со што максимално подготвени ќе го дочекаме првото квалификациско коло од Лигата на Европа“ – вели стратегот на „пандевци“, Југослав Тренчовски.

Академија Пандев во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа ја очекува двомечот со Зрињски од Мостар. Првиот натпревар се игра на 11. јули во Скопје, а реваншот е на 18. јули во Мостар.

Се вчитува...