Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фудбалската федерација на Македонија деновиве во Крушево се одржува работнилница на тема: Како подобро да се справиме со говорот на омраза во и надвор од фудбалските стадиони?
Едно од најгорливите прашање кои го оптоваруваат фудбалот, и во светски рамки, секогаш е говорот на омраза на фудбалските натпревари на расна, верска и национална основа поради што активни се разгледувањата за комплетно решавања на тој проблем.
Токму во таа насока е и дискусијата меѓу претставници од ФФМ предводени од генералниот секретар Филип Поповски, фудбалските клубови и Министерството за внатрешни работи за време на дводневната работилница во Крушево.
„ФФМ како федерација мораме да делува во насока на почит кон сите – од фудбалерите, преку судиите, службените лица, до навивачите и публиката на стадионите. Нас ни е исклучително драго што оваа федерација, институции како МВР или ОБСЕ ја сметаат за најдобрата во нашата држава од аспект на работите кои обичните луѓе на стадионите не ги гледаат, а се однесуваат на организацијата на натпреварите, безбедноста и пораките кои ги праќаме за еднаквост кон сите. Заедно со клубовите, со ОБСЕ и МВР ќе започнеме нова кампања која има за цел уште повеќе да не зближува. Во таа насока многу голема работа правиме со натпреварите од Детска лига, тоа е пример како треба да се однесуваат сите, иако се работи за деца од најмала возрасна категорија. Од таа причина, ФФМ уште повеќе ја зацрвтува Детската лига, во периодов ќе организираме советодавни семинари и за родителите, а како никогаш досега ќе донираме опрема, дресови и топки на сите учесници во лигата“ – вели генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА