Паника и брза реакција на лекарите: Скијачката Обрајан доживеа тежок пад на патеката (ВИДЕО)

Американската скијачка Нина Обрајан, доживеа тежок пад на крајот од велеслаломската трка на ЗОИ во Пекинг. Обрајан која по првото возење беше на високото 6. место, во втората етапа, доживеа навистиан тежок пад две точки пред крајот на трката, па остана неподвижно да лежи на земја по падот.

Тоа веднаш предизвика паника но и брза реакција на лекарските екипи, кои веднаш на носила ја изнесоа од патеката и се упатија кон најблискиот медицински центар.

Првичните информации, кои се доста оскудни, велат дека постои сомнеж за неколкукратна фрактура на десната нога, што може да биде сериозен хендикеп за понатамошната кариера на оваа натпреварувачка.

 

 

 

 

 

Се вчитува...