Паника и страв: „Гробари“ запалија оган во ВИП-ложата (ВИДЕО)

Голем скандал се случи синоќа во салата „Чаир“ во Ниш на финалето на кошаркарскиот Куп на Србија, во кој играа вечните ривали Црвена Звезда и Партизан, откако навивачите на „црно-белите“, популарните „Гробари“ со еден факел предизвикаа пожар во ВИП-ложата.

Дербито за пехарот, кој го освои Ц. Звезда изобилуваше со препукувања на двете навивачки групи, како и со неизбежната пиротехника, а еден факел од трибината над ложата, кој падна таму предизвика пожар по што итно беа евакуирани првиот човек на кошаркарскиот сојуз и легенда на Партизан, Предраг Даниловиќ со врвот на сојузот, како и првиот човек на црно-белите Остоја Мијаиловиќ со раководството.

После брза интервенција пожарот беше изгаснат, но остана стравот што можеше да се случи ако пожарот брзо се раширеше и потоа предизвикаше стампедо.

 

 

 

Се вчитува...