Паника во таборот на бразилската репрезентација по завршувањето на натпреварот со Србија на кој „кариоките“ триумфираа со 2-0.
Еден од најдобрите фудбалери на Бразил, Нејмар во 79. минута го напушти теренот со болки на десната нога, притоа со повеќе од разочарувачки израз на лицето.
По мечот, пак, и информацијата дека има нималку наивна повреда на глуждот поради која во текот на утрешниот ден ќе мора да биде подложен на дополнителни испитувања…
Од таборот на Бразил информираат дека утре ќе има подетални информации дали и колку ќе мора Нејмар да паузира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА