Силен земјотрес од дури 7,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија. Земјотресот траеше дваесетина секунди, а властите издадоа предупредување граѓаните да бидат подготвени за цунами како резултат на земјотресот. Предупредувањето беше укинато по половина час.
Епицентарот бил во близина на островот Хоншу. ЕМСЦ известува дека епицентарот бил на 57 километри северо-источно од градот Сендаи, а хипоцентарот бил на длабочина од околу 70 километри.
Во моментот на земјотресот, се одржувале борби меѓу кечери, а кога земјата почнала да се тресе, никому не му било јасно што се случува. За среќа, публиката останала на своите места без паника и по дваесетина секунди, тие продолжиле да се забавуваат со борбите на рингот.
This was the moment an earthquake hit the New Japan Cup #njcup #Japan #njpwworld pic.twitter.com/d59DqXSjsG
— Davey?️??? (@QueerWrestling) March 20, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

