Паника: Повредата на Роналдо е потешка од очекуваното

Повредата на Кристијано Роналдо е потешка од првичните прогнози дека ќе помине со само неколку дена пауза. Играчот на Ал-Наср ќе отпатува на специјален третман во Мадрид, за побрзо да ја излечи повредата, потврди неговиот тренер Жорге Жезус.

Иако првично се претпоставуваше дека поради повреда на тетивата, ќе отсуствува само 5-8 дена, сепак, сега ќе се чекаат дополнителните тестови за да се утврди тежината на истата. Можно е Португалецот да треба да паузира подолго време.

„После тестовите, ќе видиме дали повредата на Роналдо е потешка од очекувањата“, изјави Жесус.

„Тој сега ќе оди во Шпанија, како и сите играчи кои имаат повреди. Неговата повреда бара третман, и затоа ќе отпатува во Мадрид“, додаде тренерот на Ал-Наср.

Се вчитува...