Шест англиски премиерлигаши се наоѓаат во тешка ситуација поради која ќе мораат да „ситно“ да ги продаваат своите ѕвезди, пренесуваат англиските медиуми. Станува збор за Челси, Астон Вила, Њукасл Јунајтед, Евертон, Нотингхем Форест и Лестер.
Овие клубови до крајот на јуни ќе мораат да продаваат фудбалери со цел да го задоволат финансискиот фер-плеј на првенството бидејќи во спротивно ги очекува драстична казна со одземање на бодови поради која ќе се најдат во тешка ситуација да ги задоволат амбициите без разлика дали станува збор за шампионскиот трофеј, излез во Еворпа или пак опстанок.
Како потсетување, поради прекршување на финансискиот фер-плеј во минатото, оваа сезона на Евертон и Нотингхем Форест им беа одземени осум, односно четири бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА