Играчот од средниот ред на Барселона, Гави се повреди на вчерашниот меч со Ваљадолид. Денеска играчот ќе биде подложен на дополнителни прегледи, по што ќе биде одредено дали ќе може да настапи на реваншот против Интер во Лигата на шампионите.
Тој во 78-минута од мечот се повреди, и не можеше да продолжи со игра, по што беше сменет.
После Интер, Барселона го очекува дуел и со Реал Мадрид, па од тука во каталонскиот тим владее паника за неговото опоравување, откако стана јасно дека Барса без својот прв голгетер Роберт Левандовски ќе ги игра двата следни натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

