Паника во германскиот состав: Фудбалер со коронавирус на денот на натпреварот

Германскиот селектор Јоаким Лев се соочува со огромни главоболки на денот на одигрување на дуелот со Исланд откако утрово беше обелоденето дека послените тестирања на Covid-19 покажале дека еден од германските репрезентативци е позитивен на коронавирус. Како што информира весникот „Билд“, станува збор за Јонас Хофман од Борусија Менхенгладбах.

Фудбалерот нема симптоми и веднаш заминал во самоизолација, но тој вчера тренирал со остатокот од репрезентацијата поради што постои загриженост дека во следните денови ќе се појават и нови случаи во таборот на „панцерите“. Врз сите фудбалери и членовите на стручниот штаб утрово биле извршени нови тестови, а по добивањето на тие резултати Лев ќе го состави стартниот тим за дуелот со Исланд.

Македонија треба да игра со Германија на 31 март во Дуизбург, а како што стојат работите лесно може да се случи Лев да биде приморан да повика дополнителни фудбалери токму за пресметката со нашата селекција.

Се вчитува...