Карим Бензема изминативе неколку дена беше главна тема во фудбалската јавност откако се појавија информации дека би можел да го напушти Реал Мадрид и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Во Реал прават се за да го убедат Французинот да остане, а Флорентино Перез му упати многу интересна понуда.
Флорентино Перез не е воодушевен од тоа што го прави Бензема, но свесен е дека не смеат да загубат толку важен играч. Покрај новиот договор, Перез реши да му даде на Бензема многу интересна понуда.
Имено, „Марка“ пишува дека претседателот на Реал му рекол на Бензема дека доколку остане во Реал и таму ја заврши кариерата, веднаш ќе добие една од главните позиции во клубот.
Сепак, Бензема се чини дека не бил воодушевен од тоа. Тој побара неколку дена за да размисли за се, а се очекува францускиот напаѓач да ја соопшти својата конечна одлука веќе следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА