После вчеашната победа против Лече, тренерот на Наполи Лучијано Спалети меѓудругото зборуваше и за ситуацијата со Виктор Осимен. Напаѓачот поради повреда го пропушти натпреварот, но тоа не влијаеше на победата на Наполи, кој освои три бода и дополнителни им се оддалечи од повредите.
Додека настапуваше за Нигерија, Осимен се врати од повредата, а го пропушти и претходниот меч со Милан, кој Наполи го загуби со убедливи 0-4. Сега е под голем знак прашалник и за првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите исто против Милан.
„Осимен е фудбалер кој би играл на секој натпревар. Кај него не е ништо спорно, но затоа лекарите и ние мораме да бидеме внимателни со него. Да играше со Лече, ќе беше полошо. Мораме да му дадеме уште време за опоравување. После повредата лесно тренираше, но треба да се види како ќе реагира повредата при големи напори“, изјави Спалети.
Евнетуално неиграње на Осимен против Милан би било голем хендикеп за Наполи во Лигата на шампионите со оглед дека тој е еден од најсилните адути за добар резултат и пласман во 1/2 финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА