НБА е загрижена за порастот на заболени од коронавирус на Флорида, но и натаму продолжува со плановите за ре-старт на сезоната во „меур“ во оваа држава. Флорида има рекорден број новозаболени со рекорд во саботата од 4049 пријавени случаи. Лигата и натаму планира да го организира продолжението од сезоната во комплексот на Дизни во Орландо. Таму треба да бидат сместени 22 тиме кои се во игра за пласман во плеј-офот.
Продолжението на сезоната е закажано за 30.јули. Комесарот Адам Силвер на видео состанок со директорите на клубовите признал дека ситуацијата со COVID-19 на Флорида е загрижувачка. Според американските медиуми, Силвер во разговорот бил загрижен, но најавил продлжување на плановите за ре-старт на лигата.
Според плановите, тренинг камповите на клубовите ќе бидат отворени на 9. јули. Драфтот годинава ќе биде на 15. октомври, а доколку има седми натпревар во финалната серија тој треба најдоцна да биде одигран до 12. октомври. Сезоната 2020/2021 ќе почне на 1. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА