Паника во Реал Мадрид: Крај на сезоната за Едер Милитао!?

Реал Мадрид е на добар пат да им се врати на победите, но триумф над Осасуна би можел да биде и пиров со оглед на тоа што „кралскиот клуб“ остана без услугите на двајца важни фудбалери веќе во првите 30. минути игра.

Прв се повреди Родриго, а по него и Едер Милитао. Додека напаѓачот беше проследен до клупата за резерви, стоперот мораше да биде изнесен надвор од теренот на носилки.

Првичните информации воопшто не се добри. Како што пренесува медумот „Релево“, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено, повреда поради која му се заканува крај на сезоната.

Се вчитува...