Панатинаикос не мирува, и уште од сега сака да направи екипа која ќе ја врати европската шампионска титула во зелениот дел на Атина. Шпанската „Марка“ тврди дека грчкиот тим сака од Реал Мадрид да ги земе најдобрите кошаркари Валтер Таварес и Марио Хезоња.
Според изданието, двајцата кошаркари ќе добијат понуда која нема да ја одбијат, само да се преселат во редовите на Панатинаикос, кој со овој потег покажува дека има сериозни намери во идните сезони да ја врати европската круна.
Таварес уште од претходно се споменуваше дека ќе замине од Реал, а самиот тој изјави дека ќе си замине само ако дојде некоја понуда од НБА. Хезоља има договор до крајот на сезоната, па ќе биде предмет на борба на големите клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА