Англискиот репрезентативец и моментално најдобар играч на Реал Мадрид, Џуд Белингем го пропушти денешниот тренинг на „кралевите“ поради стомачни проблеми. Оваа вест доаѓа на два дена пред големото градско дерби против Атлетико Мадрид, а евентуален недостаток би бил голем удар за четата на Анчелоти.
Белингем во Реал Мадрид постигна шест гола од шест натпревари. Донесе бодови и во првенството, но и во ЛШ кога беше стрелец на единствениот гол за неговиот тим во дуелот со Унион Берлин за победа во првиот меч во најелитното европско натпреварување.
Играчот од средниот ред дојде ова лето од Борусија Дортмунд, и од стартот се наметна како големо засилување за најтрофејниот европски клуб. Реал Мадрид има одличен старт на сезоната, а сега со Атлетико им е нивниот најтежок меч во првенството досега.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

