Шпанската фудбалска федерација синоќа објави дека капитенот на репрезентацијата Серхио Бускетс е позитивен на коронавирус при последното тестирање на тимот.
Добрата вест е што ниту еден друг играч на „црвената фурија“ не е позитивен. Бускетс веднаш го напуштил кампот на репрезентацијата со медицинско возило. Во изолацијата ќе одат само оние кои биле во близок контакт со фудбалерот на Барселона.
Стручниот штаб сега ќе воведе индивидуални тренинзи во текот на овие неколку денови пред стартот на Европското првенство. Пријателскиот натпревар со Литванија што требаше да се одигра во вторник ќе се игра, но Шпанците ќе настапат со младинската репрезентација наместо со сениорите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА