Пантер: Мораме да одиграме 40 минути квалитетна кошарка против Алба

Партизан нема да право на грешка на денешното гостување во Германија кај Алба Берлин од 20 часот и 30 минути доколку сака да остане во игра за позиција која води во плеј-инот од разгирувањето на Евролигата.

Тоа добро го знае и капитенот Кевин Пантер кој најавувајќи го натпреварот за српските медиуми изјави дека Партизан мора да биде максимално фокусиран во текот на целиот натпревар без разлика на тоа што противникот е закован на дното на табелата.

„Сами себе си се доведовме во оваа позиција и мораме да бидеме максинално концентирани, да одиграме 40. минути во исто темпо. Мораме да го задржиме ритамот по натпреварот во Подгорица. Тоа беше тешка победа на гости, а потребна ни е уште една. Не не интересира учинокот на Алба, тие и понатаму се квалитетен тим. Ако не бидеме фокусирани ќе биде тешко да победиме. Затоа  мора да бидеме професионални и за си ја завршиме задачата“, изјави Пантер.

Се вчитува...