Пантер од Барселона: Конечно со шанса да се борам за трофеи

Доскорешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер следната сезона ќе биде дел од шпанска Барселона.

Каталонците креираа феноменална екипа за новата сезона во кој е и еден од досегашните најдобри кошаркари на Партизан.

„Воодушевен сум од атмосферата во клубот, од новите соиграчи, позитивната енергија се чувствува на секој чекор, силно сум мотивиран како и комплетната екипа а целта која е пред мене е да бидам најдобар стрелец на тимот. Конечно добив и можност да се борам за трофеи, како во Шпанија така и во Евролигата“ – истакна Пантер на промоцијата во новиот клуб.

Се вчитува...