Кевин Пантер помина три сезони во дресот на Партизан пред Белград да го замени за Барселона. Тој сега се врати во главниот град на Србија со каталонскиот тим па имаше интересен разговор за српските медиуми во кој воедно ја откри и можноста дали ќе заигра за репрезентацијата на нашиот северен сосед.
Американецот има српско државјанство, но нема да игра за Србија бидејќи, како што вели никогаш не постоел официјален интерес за оваа можност.
„Никогаш немаше официјални преговори па таа можност е веќе зад мене“, изјави поранешниот капитен на „црно-белите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА