Капитенот на Партизан, Кевин Пантер се врати во „црно-белиот“ дрес по неколкуте пропуштени натпревари поради повреда и веднаш блесна на теренот предводејќи го белградскиот тим до голем камбек и триумф над Панатинаикос во последниот натпревар во Евролигата.
Пантер важи за еден од најдобрите напаѓачи во најсилното европско кошаркарско првенство, но и покрај раскошниот талент има еден кошаркар кој му прави најголеми проблеми. Тоа е Родри Бобоа од Анадолу Ефес, откри Американецот.
„Не знам дали го имам кажано ова, но Бобоа е баш „досаден“. Многу го почитувам. Кога дојдов во Европа имав чувство дека ќе ми го блокира секој шут. Физички е одличен и има неверојатен тајминг. Не знам дали знаете, но има многу многу долги раце. Обично кога ќе го поминам противникот и ќе се наместам за шут… знам колку сум добар, но тој може да ме изблокира. Тој е тој единствениот човек“, изјави Пантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА