Во Евролигата повеќе нема непоразени екипи откако Црвена Звезда во супердраматичен дуел синоќа загуби на домашен терен од Барселона со 94-98, и тоа по продолжение од пет минути.
За болката на АБА шампионот да биде уште поголема, главен виновник за поразот беше доскорешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер, кој ги постигна клучните поени за Барса во големиот триумф за каталонскиот гигант. По натпреварот Пантер даде свое видување за мечот…
„Се боревме, имаше многу пречки. Тие направија некои големи работи, но ние секој пат одговаравме на тоа. Покажавме карактер и стигнавме до победата. Мора да останеме во вистинската насока. Тие имаа серија, но ние успеавме да ги преживееме нашите лоши минути, направивме некои одлични работи и останавме заедно. Двојните кола се секогаш тешки“, изјави Пантер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА