Поранешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер призна дека доаѓањето на Џабари Паркер во Белград го изненадило.
Американецот, кој минатата сезона го носеше дресот на Барселона, реши да го засили Партизан, што го изненади и самиот Пантер, и покрај фактот дека беа соиграчи во претходниот период.
„Информацијата ме изненади и мене. Бев изненаден, искрено не го очекував. Сепак, тоа е кошарка, дел од овој спорт и бизнис. Нешто слично гледаме практично секое лето, претходно можеби беше резервирано за НБА лигата, но сега и Евролигата е на тоа ниво кога станува збор за таленти. Социјалните мрежи исто така си ја вршат својата работа, сите следат сè, па можеби затоа трансферот на Џабари предизвика толку големо внимание. Среќен сум за него“, изјави Пантер за „Моцарт Спорт“.
Иако беа блиски во тимот, Пантер признава дека немал поим дека може да се случи таков трансфер.
„Искрено, не. Не се слушнавме ниту разговаравме кога се случи. Дознав за веста како и сите други“, рече тој.
Тој имаше само пофални зборови за Паркер, нагласувајќи дека навивачите на Партизан добија многу.
„Човече, Џабари е исклучително талентиран играч и смирена личност. Навивачите можат да очекуваат врвен играч. Немам многу да кажам, тоа беше видено во Барселона, а и пред тоа. Талентот е таму, вистински професионалец. Среќен сум за него и му посакувам многу среќа.“
Пантер откри и еден детаљ од животот на Паркер.
„Мислам дека досега сите сфатија дека Џабари нема социјални мрежи, едноставно не го интересира тоа. Тој е човек кој ја сака својата приватност, тој е смирен, мирен, многу фокусиран на кошарката и својата вештина. Тоа можеби е идеалната комбинација за средина како Белград“, заклучи поранешниот капитен на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

