Пантер со повреди на двете нозе на дербито, ќе мора да паузира најмалку две седмици

Жељко Обрадовиќ веднаш по големиот триумф над Црвена Звезда објави дека капитенот Кевин Пантер се здобил со незгодна повреда за време на вечното дерби, а детални прегледи покажаа дека проблемот не е наивен.

Имено, Американецот има повреди на двете нозе по жестоките дуели со противничките играчи, поради што ќе мора да паузира најмалку две седмици од терените.

„Кевин Пантер се здоби со силен удар во коленото, додека на другата нога има повреда на задната ложа. Се очекува тој да отсуствува најмалку две седмици од работата на тимот“, објави Партизан преку клупско соопштение.

Пантер дефинитивно ќе го пропушти претстојното АБА-дерби со Црвена Звезда што ќе се игра викендов, потоа и евролигашкото гостување во Басконија, а мали се шансите тој да се рехабилитира навреме за настап на домашниот дуел со Фенербахче, закажан за 9 ноември.

Се вчитува...