Пантер станува репрезентативец на Босна и Херцеговина?

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина сака да го засили ростерот со натурализиран кошаркар, а највисоко на листата нa желби е капитенот на евролигашот Партизан, Кевин Пантер, пренесуваат медиумте во оваа поранешна југословенска држава.

Последниот настап на натурализиран кошаркар Босна и Херцеговина го имаше во Лука Гарза, Американецот кој по потекло на неговата мајка е од оваа држава, но тој наскоро добива и босанско државјанство па се отвара можност за нова аквизиција.

Покрај Пантер на листата на желби е и кошаркарот на Макаби Тел Авив, Вејд Болдвин, а кој и да биде конечниот избор јасно е дека покрај Џанан Муса и Јусуф Нуркиќ ќе има големо значење за оваа кошаркарска репрезентација.

Се вчитува...