Иван Галевски конечно доби шанса за деби на големите натпреварувања, а младиот голман ја оправда довербата во финишот, собирајќи три успешни интервенции.
Онаа првата, при одбранетиот седмерец на Ричардсон, се најде и во најновата листа што ја објави ИХФ, за најдобрите десет одбранети пенали во претпоследниот натпреварувачки ден од главната фаза на овој светски шампионат.
Погледнете ги овие десет голмански бравурозни одбрани, вклучувајќи ја и онаа од новиот македонски ракометен бисер, кој почна со блесоците и на сениорско ниво…
𝐓𝐨𝐩 𝟏𝟎 penalty saves today
#CRODENNOR2025 #inspiredbyhandball @HandballSchweiz pic.twitter.com/9ZXKTp8Hp9
— International Handball Federation (@ihfhandball) January 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА