Алескис Пантуро стигна до нов триумф во светскиот куп во алпско скијање, откако денеска славеше на велеслаломската трка во швајцарскиот ски-центар Аделбоден. Французинот до победата стигна на убедлив начин со вкупно време од 2:18.26 минути, што беше за секунда и четири стотинки подобро од второпласираниот Хрват, Филип Зубчиќ. Подиумот го надополни Швајцарецот Марко Одермат кој доцнеше секунда и 11 стотинки зад времето на победникот.
Со триумфот Пантуро ја зголеми предноста во генералниот пласман пред Норвежанецот, Андре Омот Килде, додека на третото место останува Одермат. Утре во Аделбоден на програмата е уште една велеслаломска трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА