Пантуро победник на велеслаломот во Алта Бадија, Ледецка најдобра на супер-џи во Вал Д’изер

Алексис Пантуро е победник на велеслаломската трка која утрово се возеше во италијанскиот ски-центар Алта Бадија. Французинот до победата стигна со вкупно време од 2:27.19 минути, што беше за седум стоти делови од секундата подобро од второпласираниот Норвежанец, Ати Лим Мекграт. Третото место му припадна на Жастин Муризие од Швајцарија кој доцнеше 24 стотинки зад времето на победникот.

Естер Ледецка беше најдобра на супервелеслаломот во Вал Д’изер. Чешката скијачка до победата стигна со време од 1:24.64 минута, што беше за три стотинки подобро од второпласираната Корен Сутер од Швајцарија. Подиумот го надополни Федерика Брињоне од Италија.

Утре во Алта Бадија мажите ќе возат слалом.

Се вчитува...