Панучи: Први поведовме, потоа можевме и да загубиме

Албанија освои бод во Струмица, играјќи 1-1 против Македонија, и повеќе од јасно е дека селекторот Кристијан Панучи и гостинските фудбалери треба да бидат задоволни со овој резултат. Италијанецот на кормилото на Албанија вели дека ремито е најреален епилог на овој меч.

„Во првото полувреме не бевме на потребното ниво, па затоа и направив две замени. Во вториот дел постигнавме брзо гол, а потоа и Садику имаше одлична шанса за да го затвори натпреварот. Примивме гол од пенал, а во завршницата Македонија можеше и до победата. На крајот, сепак, мислам дека ремито е реален исход“, изјави Кристијан Панучи на прес – конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...