Поранешниот фудбалер на Милан и италијански репрезентативец, Кристијан Панучи, ќе се врати во клубот на почетокот на идната сезона, а ќе добие улога на тим – менаџер. Тој треба да биде спој меѓу фудбалерите и стручниот штаб од една страна и раководството на клубот, од друга страна.
44-годишниот Панучи играше за Милан во периодот од 1993 до 1996 година, а потоа го следеше тренерот Фабио Капело во Реал Мадрид.
Панучи беше тим – менаџер на Палермо во 2012 година, а потоа стана помошник на селекторот Капело во фудбалската репрезентација на Русија. По ова кусо беше и тренер на Ливорно и на Тернана.
Милан објави и дека нов спортски директор ќе биде Масимо Мирабели, кој доаѓа на оваа позиција откако Марко Фасоне ќе ја добие функцијата извршен директор во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА