ПАО без најдобриот играч против Нено Димитријевиќ

Панатинаикос ќе биде сериозно ослабен за претстојното гостување во Евролигата против Баерн Минхен, откако беше објавено дека Кендрик Нан воопшто нема да патува со тимот за Германија.

Извонредниот поентер игра во топ-форма, но на последниот дуел заработил незгодна повреда на зглобот на левата нога. Информациите од Грција велат дека проблемот не е премногу сериозен, но „зелените“ се решиле да му дадат одмор, за да не се ризикува да дојде до посериозна повреда во Минхен.

Се очекува во отсуство на Нан позначјна улога против Баерн да добие македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој за ривал на спротивната страна ќе го има Ненад Димитријевиќ, во третиот меч на Нено во Евролигата како член на баварскиот гигант.

Се вчитува...