ПАО е ептен моќен во кошарката – на европската ја додаде и грчката круна

Панатинаикос ја заокружи фантастичната сезона откако „зелено-белите“ на европската титула се надоврзаа и со трофеј во грчкиот шампионат. Во драматичната финална серија Олимпијакос имаше предност од 0-2 во победи, но ПАО покажа шампионски карактер и направи неверојатен пресврт, па со вечерашната победа од  87-82 славеше со 3-2 и се закити со големиот трофеј.

Првото полувреме мина во знакот на Костас Слукас, кој за 12 минути игра успеа да постигне неверојатни 25 поени и да му донесе водство на својот тим од 48-39. Гостите успеаја целосно да се вратат добивајќи ја третата четвртина со 17-25, но „зелено-белите“ беа поумешни во клучните моменти. ПАО имаше „плус девет“ на четири минути до крајот, Олимпијакос дојде на само еден поен разлика, но избраниците на Атаман го издржаа завршниот притисок и славеа со конечни 87-82.

Главен играч во оваа победа на „зелено-белите“ беше Костас Слукас, постигнувајќи 29 поени во клучниот меч против својот поранешен клуб, Грант постигна 15 поени, додека Кендрик Нан го заврши мечот со 13 поени и пет асистенции. Најефикасни кај Олимпијакос во вечерашниот проаз беа Питерс со 21, Николау со 18 поени и Никола Милутинов со дабл-дабл од 17 поени и 12 скокови.

Се вчитува...