Искусниот американски бек, Кит Ленгфорд е пред договор со шампионот на Грција, Панатинаикос.
Ленгфорд, кој минатата сезона играше во Кина и во Израел, сака на голема врата да се врати во Евролигата. 35-годишниот бек и тоа како значајно искуство во елитната европска кошарка поради што е силна желба на грчкиот тим.
Ленгфорд е познат како еден од најдобрите стрелци во Евролигата во последните осум години, иако екипите со него никогаш не стигнале до некој позначаен успех.
Желбата на ПАО, на чело со Чави Пасквал, е во следната сезона повторно да стигне до трофејот на домашната сцена но и до Ф4 турнирот во Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА