Панатинаикос заигра онака како што му доликува на еден од најдобрите европски клубови, декласирајќи го лидерот Хапоел со убедливи 93-82. Првото полувреме беше максимално израмнето, но ПАО додаде гас во вторите 20 минути, постигна 48 поени и заслужено стигна до победата.
Нан ги предводеше стрелците со 19 поени, два помалку постигна Осман, додека најефикасен кај Хапоел беше Енис со 16, пред Блејкни со 15 поени.
Макаби за првпат сезонава врза четири победи во низа триумфирајќи над Валенсија со 82-79. Израелскиот гигант имаше и убедлива двоцифрена разлика на неколку минути до крајот, Валенсија стигна до минус три, по што шпанскиот тим не погоди три тројки во последниот период, на огромна радост на домашните фанови во Тел Авив.
Вокер беше најефикасен со 14 поени, а одличен меч одигра Лундберг со 12 поени и 7 асистенции. Македонскиот репрезентативец Омари Мур имаше 7 поени и 4 скока за Валенсија.
Фенербахче се врати на победнички патеки по поразот од ПАО, славејќи во Милано над Олимпија со резултат 72-87, петти триумф за европскиот првак на последните шест меча. Бонзи Колсон шутираше 5/5 за тројка за вкупно 20 поени, најефикасен кај Фенер беше Хортон Такер со 23 поени, додека прв стрелец на Милано беше Брукс со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

