ПАО го „скрши“ сонот на Макаби

Панатинаикос стигна до тешка победа во гостувањето во Тел – Авив против Макаби, со конечен резултат од 76-75, во натпревар кој не им беше од никакво значење со оглед дека обезбедија место во разигрувањата во Евро-лигата.

Победникот се одлучуваше се до последниот момент, откако двете екипи играа егал во текот на целата сребда. Резултатот по две четвртини припадна на Макаби (41-35), но гостите од Грција во продолжението ја вратија неизвесноста, решени да ја „украдат“ значајната победа за домаќините. Во моменти кога се „кршеше“ резултатот, ПАО ги искористи грешките на Макаби, а Мајк Џејмс со реализираните два поени на 5 секунди до крајот  ги уништи сите надежи на израелскиот состав.

Мајк Џејмс со неговите 27 поени  придонесе за триумфот на ПАО, Деандре Кејн беше најефикасен за Макаби 19 поени и девет скока.

Се вчитува...