Пао не мирува: Додека ја чека одлуката за Валанчиунас реализира нов НБА трансфер

Панатинаикос не мирува на трансфер маркетот додека ја чека одлуката за можен ангажман на литванскиот центар Јонас Валанчиунас со кој не сака да се раздели Денвер.

Трансферот на Литванецот е под знак прашалник, но голема е веројатноста дека атинскиот евролигаш ќе успее да стигне до потпис со уште еден кошаркар од НБА, Џавонте Грин.

Американецот со црногорско државјанство има богато искуство настапувајќи за Трст и Улм во Европа, како и Бостон, Чикаго, Њу Орлеанс и Кливленд во НБА лигата па негов ангажман би значело големо засилување за крилната позиција на која настапува Чеди Осман, но е проблематична со оглед на повредата на Мариуш Григонис.

Доколку дојде до ангажман, очекувањата се Американецот да заработи околку 500 до 600 илјади евра за една сезона.

Се вчитува...