Панатинаикос летово потпиша 15 нови кошаркари во обид да се врати на старите шампионски патеки, па изненадување беше кога тренерот Атаман минатата седмица изјави дека му се неопходни уште две големи засилувања за остварување на таа цел.
Газдата Јанакопулос сепак се реши да тргне во акција и успеа да осигура нов значаен потпис за ПАО, откако денеска беше договорена соработката со Кендрик Нан, американскиот бек со богато НБА-искуство. Нан во текот на летото водеше интензивни преговори со Олимпијакос, на крајот не постигна договор, а сега ќе потпише договор со лутиот ривал од „зелениот дел на Атина“.
Трансферот го официјализираше претседателот Јанакопулос преку видео порака на своите профили на социјалните мрежи, за дополнителна еуфорија меѓу навивачите на Панатинаикос, по синоќешниот триумф на гостински терен против Олимпијакос во рамките од грчкиот шампионат.
28-Годишниот Нан има одиграно 193 натпревари во НБА-лигата како член на Мајами, ЛА Лејкерс и Вашингтон, во просек бележејќи 12,1 поен, 2,4 скокови и 2,4 асистенции по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА