ПАО прави дрим-тим: Потпишува и Лоренцо Браун

Панатинаикос има сезона за паметење освојувајќи ги титулите во Евролигата и во грчкиот шампионат, а газдата Јанакопулос тоа само уште повеќе го мотивираше за дополнително засилување на тимот за наредната сезона.

Дрим-тимот се надополнува со Лоренцо Браун, извонредниот американски плејмејкер кој доаѓа од редовите на Макаби, откако објави дека го напушта израелскиот гигант поради воениот конфликт во оваа земја.

За Браун сериозен интерес покажуваше и Олимпијакос, но ПАО излезе како победник и од оваа битка со грчкиот ривал. Трансферот прв го објави Јанакопулос на своите профили на социјалните мрежи, не криејќи го задоволството од новото топ-засилување за својата екипа.

Лоренцо Браун беше еден од најдобрите кошаркари на Макаби минатата сезона, со просек од 13,2 пони и 6,1 асистенции по натпревар во Евролигата.

Се вчитува...