Панатинаикос продолжува со ангажманот на нови кошаркари, како јасен знак дека грчкиот гигант е решен не само да ја прекине доминацијата на Олимпијакос, туку и да ја нападне титулата во Евролигата.
Ергин Атаман доби целосна слобода за ремонт во играчкиот кадар, па екс-тренерот на Анадолу Ефес денеска го комплетираше и дванаеттиот трансфер на Панатинаиос летово, потпишувајќи договор со Свјатослав Михалиук. Украинскиот кошаркар игра на позициите два и три, главен квалитет му е извонредната одбрана, за што најдобар доказ е фактот дека Михалиук беше најдобар крадец на топки на ланскиот Евробаскет.
Тој доаѓа во Панатинаикос од НБА-лигата, но мора да се истакне дека таму повеќе време минуваше по развојните тимови, отколку во првите екипи во најсилната лига на светот (ЛА Лејкерс, Детроит, Оклахома, Торонто, Њујорк и Шарлот).
За потсетување, пред ангажманот на овој Украинец тимот на Панатинаикос ги доведе во своите редови и Лука Вилдоза, Матијас Лесор, Костас Адетокумбо, Динос Митоглу, Димитриос Мораитис, Костас Слукас, Џеријан Грант, Јанис Папапетри, Кајл Гај, Хуанчо Хернангомез и Александер Балчеровски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА