Панатинаикос сака во своите редови да го доведе кошаркарот на Макаби Тел Авив Венјен Габриел.
Центарот од Јужен Судан треба да го замени Матијас Лесор, кој се здоби со тешка повреда на мечот против Басконија. Французинот ќе биде надвор од терените три до четири месеци.
Габриел сезонава во дресот на шампионот на Израел има просек од 5,8 поени, 4,7 скока, 1,3 асистенции и 1,1 блокада. На теренот поминува по 15 минути по натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА