Пауло Бенто им се пушти на судиите: Прв директен црвен картон на тренер на Мундијалот (ВИДЕО)

Селекторот на Јужна Кореја, Португалецот Пауло Бенто го заработи првиот директен црвен картон на селектор на Светското првенство 2022 во Катар.

Бенто по последниот судиски свиреж на мечот на кој неговата селекција загуби од Гана со 3-2, нервозно му се пушти на главниот судија револтиран што не го дозволи нападот на Ким Мун-Хван во 100. минута од средбата.

Португалецот жестоко реагираше кон судијата кој веднаш му додели црвен картон, што значи дека нема да може да ја води од клупата Јужна Кореја на следниот натпревар, и тоа против неговата Португалија.

 

Се вчитува...