Паоло Гвереро паднал на допинг – тест по мечот Перу – Аргентина

Напаѓачот на Перу, Паоло Гвереро, паднал на допинг – тест направен по натпреварот против репрезентацијата на Аргентина, во квалификациите за Светското првенство во Русија. На 5.октомври, тој заминал на рутински допинг – тест како еден од двајцата претставници од селекцијата на Перу, а примерокот потоа се покажал како позитивен. По ова, на Гвереро му следува автоматска суспензија, неволји што ги имаше и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Мечот заврши 0-0 и направи поголеми проблеми за „гаучосите“, а Перу ќе игра бараж против Нов Зеланд за пласман на мундијалот во Русија. Секако, Паоло Гвереро поради суспензијата нема да биде во можност да го носи дресот на Перу.

Се вчитува...