Папапетру за уште посилен Панатинаикос?

Јанис Папапетру по една сезона помината во Партизан заминува од редовите на актуелниот шампион на АБА. За грчкиот кошаркар се заинтересирани неколку евролигаши, а првата понуда на масата ја доби од неговиот поранешен клуб Панатинаикос кој му нуди двогодишен договор вреден 1.5 милиони евра.

Папапетру пред ангажманот во Партизан настапуваше за „зелените“ четири години, период во кој успеа да се наметне како еден од најдобрите во составот. Шесткратниот освојувач на Евролигата во новата сезона влегува во нова ера, а веќе и договори неколку големи имиња како Слукас, Вилдоза и Лесор.

Се вчитува...